• nasa Космонаутите на Наса ја користат спирулината како главна храна во вселенските станици.
  • un Светската здравствена организација ја прогласи спирулината за "СУПЕР ХРАНА НА ИДНИНАТА"
  • obama Семејството Обама редовно користи спирулина ви својата исхрана

Што е Спирулина?


spirulina platensis

Спирулината е плавозелена алга во форма на спирала. Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на животкои создавајќи кислород во атмосферата озможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.


Спирулината е најкомплетна и најмоќна храна на светот. Таа е богат извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам . Го зајакнува имунитетот, храни, прочистува, обновува, подмладува и штити од болести.

Спирулината е 100% природна, без конзерванси, лесно сварлива, погодна за употреба за сите возрасти и е извонредна замена за вештачки произведените минерали и витамини.


Што содржи?


Спирулината со својот состав и широк спектар од хранливи состојки ги воодушевува нутриционистите ширум светот. Мајката природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човечкиот организам.

Протеини и амино-киселини. Спирулината содржи висококвалитетни растителни протеини (околу 63%)  3-4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцата. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенцијални и неесенцијални амино-киселини.

Витамини. Спирулината содржи целосен спектар на витамини во совршено избалансиран размер. Во големи количини содржи бета каротен (витамин А) - моќен антиоксиданс кој го има 25 пати повеќе отколку во морковите. Ги содржи сите Б витамини, а особено е богата со витаминот Б-12 кој го има повеќе од било која храна, витамините Б-1, Б-2 (рибофлавин), Б-3 (ниацин), Б-5, Б-6, Б-7 (бионтин), Б-9 (фолна киселина), како и витамините Ц и К.

Минерали. Додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човечкиот организам. Особено е богата со железо кое го има 23 пати повеќе отколку во спанаќот, со калциум - 300% повеќе од млекото, а содржи и цинк, селен, магнезиум и фосфор.

Есенцијални масни киселини.
Спирулинатa ги соджи најпотребните Омега 3 и 6 есенцијални масни киселини, вклучувајќи ја и ГЛА (гама линолеинска киселина) која ја има во таа форма единствено во мајчиното млеко, која помага за развојот на доенчињата и ја подобрува работата на срцето.

Пигменти. Спирулината едноставно е виножито од природни пигменти кои помагаат за синтеза на ензими потребни за регулирање на метаболизмот. Најважен пигмент во спирулината е фикоцианинот кој го стимулира и зајакнува имуниот систем. Во изобилство го има и хлорофилот кој е одличен прочистувач на организмот и кој се нарекува “зелена крв“ заради сличниот состав со хемоглобинот од крвта.

Картеноиди.
Спирулината содржи комплекс од алфа, бета и гама картеноиди - природни антиоксиданси кои работејќи во синергија пружаат моќна заштита на организмот.

Ензими. Спирулината содржи голем број на ензими меѓу кои и исклучително реткиот ензим СОД (супероксид димутаза).

Зошто се користи и како делува?


Спирулина има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговотo здравје:

  • Го зајакунува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот
  • Го прочистува организмот и ги уништува слободните радикали
  • Помага при регулирање на телесната тежина
  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
  • Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, и ја обновува цревната флора
  • Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот
  • Го подмаладува организмот и го успорува стареењето
  • Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис ...

Спирулината им се препорачува и на:

  • На спортисти на кои им е потребна поголема физичка енергија и издржливост
  • На луѓе на кои им е потребно прочистување на организмот од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и од преголема употреба на лекови
  • На бремени жени кои имаа зголемена потреба за протеини и железо
  • На лица со анемија поради подобрување на крвната слика

 

дознај повеќе