Што е спирулина?

spirulina-pocetna2Спирулината е плавозелена алга во форма на спирала. Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на животкои создавајќи кислород во атмосферата озможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата. Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.

Спирулината е најкомплетна и најмоќна храна на светот. Таа е богат извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам. Го зајакнува имунитетот, храни, прочистува, обновува, подмладува и штити од болести.

Спирулината е 100% природна, без конзерванси, лесно сварлива, погодна за употреба за сите возрасти и е извонредна замена за вештачки произведените минерали и витамини.

Што содржи?

Спирулината со својот состав и широк спектар од хранливи состојки ги воодушевува нутриционистите ширум светот. Мајката природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човечкиот организам.

Протеини и амино-киселини. Спирулината содржи висококвалитетни растителни протеини (околу 63%) 3-4 пати повеќе од говедското месо и 5 пати повеќе од јајцата. Овие протеини се биолошки комплетни бидејќи ги содржат сите есенцијални и неесенцијални амино-киселини.

Витамини. Спирулината содржи целосен спектар на витамини во совршено избалансиран размер. Во големи количини содржи бета каротен (витамин А) – моќен антиоксиданс кој го има 25 пати повеќе отколку во морковите. Ги содржи сите Б витамини, а особено е богата со витаминот Б-12 кој го има повеќе од било која храна, витамините Б-1, Б-2 (рибофлавин), Б-3 (ниацин), Б-5, Б-6, Б-7 (бионтин), Б-9 (фолна киселина), како и витамините Ц и К.

Минерали. Додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човечкиот организам. Особено е богата со железо кое го има 23 пати повеќе отколку во спанаќот, со калциум – 300% повеќе од млекото, а содржи и цинк, селен, магнезиум и фосфор.

Есенцијални масни киселини. Спирулинатa ги соджи најпотребните Омега 3 и 6 есенцијални масни киселини, вклучувајќи ја и ГЛА (гама линолеинска киселина) која ја има во таа форма единствено во мајчиното млеко, која помага за развојот на доенчињата и ја подобрува работата на срцето.

Пигменти. Спирулината едноставно е виножито од природни пигменти кои помагаат за синтеза на ензими потребни за регулирање на метаболизмот. Најважен пигмент во спирулината е фикоцианинот кој го стимулира и зајакнува имуниот систем. Во изобилство го има и хлорофилот кој е одличен прочистувач на организмот и кој се нарекува “зелена крв“ заради сличниот состав со хемоглобинот од крвта.

Картеноиди. Спирулината содржи комплекс од алфа, бета и гама картеноиди – природни антиоксиданси кои работејќи во синергија пружаат моќна заштита на организмот.

Ензими. Спирулината содржи голем број на ензими меѓу кои и исклучително реткиот ензим СОД (супероксид димутаза).

Како делува и зошто се користи?

pocetna-zosto-se-koristi-i-kako-deluva

Спирулина има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговотo здравје:

  • Го зајакунува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот
  • Го прочистува организмот и ги уништува слободните радикали
  • Помага при регулирање на телесната тежина
  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
  • Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, и ја обновува цревната флора
  • Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот
  • Го подмаладува организмот и го успорува стареењето
  • Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис…

Спирулината им се препорачува и на:

  • На спортисти на кои им е потребна поголема физичка енергија и издржливост
  • На луѓе на кои им е потребно прочистување на организмот од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и од преголема употреба на лекови
  • На бремени жени кои имаа зголемена потреба за протеини и железо
  • На лица со анемија поради подобрување на крвната слика

 

Семејството Обама редовно користи Спирулина во својата исхрана

obamaСeмејството Обама е поборник за здрава, органскa и достапна храна за секого...

Јапонски филозоф живеел 15 години само на Спирулина

japonski-filozosСпирулина е храна која го содржи сите потребни состојки за живот. Пример за тоа е јапонскиот филозоф Торо Матсуи...

Витамин Б12 за здрави нерви и здрава крв

b12Витаминот Б12 таканаречен кобаламин кој го има во изоби

Бета-каротен моќен антиоксидант со бројни полезности за здравјето

beta-karotenСпирулината е најбогатиот извор на Бета-каротен на планетата, го има 39 пати повеќе од морковите и 80 пати повеќе од кајсиите...

Фикоцијанин синото чудо – штити и прочистува

fikocijaninЕдна од најважните состојки содржани во спирулинта е Фикоцианинот. Пигмент со сино боја кој го има единствено во спирулината...

Моќен тоник за имуниот систем

imunitetБројни медицински студии покажуваат дека спирулината не само што го зајакнува имунолошкиот систем , туку и го стимулира организмот да создава нови клетки...

Ја подобрува работата на срцето

rabota-na-srceKонсумирањето спирулина го намалува ризикот за заболување од срцеви болести, го намалува холестеролот и го зајакнува ткивото на срцето...

Зголемена интелектуална способност

intelektualna-sposobnostСпирулината ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот...

Убавина одвнатре и однадвор

ubavina-odvnatre-odnadvorСпирулината ги содржи вистинските минерали и витамини кои одржуваат оптимална состојба на вашата кожа, коса...

Храна за шампиони

hrana-za-sampioniВрвните спортисти ширум светот се повеќе се потпираат на природната моќ и енергија на спирулината...

Спирулина за слабеење

slabeenjeВо неколку истражувања и студии спирулината покажува извонредни резултатите за контрола на тежината...

Бременост и исхрана со Спирулина

bremenostОдржување на здравјето за време на бременоста е од витално значење како за мајката така и за фетусот...

Спирулина за здрав вид

zdrav-vidСпирулината е богата со витамин Б12, картеноиди како лутеинот, зеаксантинот кој позитивно влијаат...

Предменструален синдром и спирулина

pmsСпирулината како супер храна е богата со витамини , минерали, фитонутриенти, природни протеини...

Детоксикација и прочистување

detoksСпирулината има моќ за забрзано прочистување и детоксикација на организмот. Во денешните модерни времиња...

Спирулина против мамурлак

mamurlakСпирулина ги намалува лошите ефекти од прекумерно пиење. После пиење многу алкохол во релативно...

Хлорофил – зелена крв

hlorofilСино зелената боја на спирулината доаѓа од хролорфилот или така наречена крв на растенијата...

Калциум за здрави коски и заби

kalciumСпирулината содржи голема концетрација на лесно разградлив калциум. Главна функција на калциумот е да...

Спирулина – најбогат извор на биоразградливо железо

zelena-krvСпирулината е храна која содржи железо неколку пати повеќе од било која храна на планетава...

Изјави од клиенти

Спирулината ја користам подолго време и после одреден период на користење почувствував дека имам повеќе енергија и елан.
Филип Стојанов
Спирулината направи чудо во мојот живот. Откако почнав да ја користам многу сум активна, почнав да спортувам и чувствувам голема енергија.
Тамара Петровска